Поддршка на спортот

mzt - buducnost 12.10 (373)
DSCN5362
Velosipedsko defile

Фондацијата го поддржува развојот на талентирани спортисти, клубови и спортски манифестации, преку доделување стипендии и спонзорства, со цел да помогне во остварување на подобри резултати и успеси во спорот, за изградба на поздрави поколенија и здрава иднина и за спортска афирмација на Македонија во светот. Со ова продолжува повеќегодишната традиција на поддршка на спортот од Адора инженеринг и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој како поранешен спортист, успешен борач и активен спортски работник, даде голем придонес во освојувањето на европското злато во 1995 и светската шампионска титула во 1996 година од клубот „Бучим-Јака“, Радовиш, ненадминати успеси досега на македонскиот клупски спорт.

Континуирана поддршка, од 2013 гдоина и сеуште, има нашиот талентиран и најуспешен кик боксер Димитар Ѓорѓиев од Неготино, кој под покровителство на Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, стана трикратен светски и европски шампион во кик бокс. Ѓорѓиев со поддршка на фондацијата има освоено над 20 меѓународни турнири во А и Б категорија кик бокс, ги има освоено сите државни првенства од 2009 година наваму и учествува на регионални и интернационални првенства со највисоки резултати. Соработката со Ѓорѓиев се продлабочи со основање на кик бокс тренинг центар Работнички-Адора во просториите на првиот објект на Адора во Карпош, кој со најсовремената опрема, услови за работа, норми и стандарди е еден од најдобрите кик бокс клубови во регионот. Фондацијата е покровител на формирањето на кик бокс клуб Работнички Адора во соработка со Општина Центар, што тренира во истоимениот центар, каде младите генерации се обучуваат, спортуваат и рекреираат, остварувајќи врвни резултати на национални и интернационални турнир за кик бокс, градејќи здрави навики и здрава иднина.

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец имаат дадено голема поддршка на спортските клубови и манифестации во Македонија, како на кошаркарите од МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, боречкиот и ракометниот клуб Радовиш, маратонската трка Охрид ТрчаТ, меѓународната кајак-кану регата на мирни води во Охрид, на македонските маратонци на меѓународните трки во Будимпешта, Париз, Њујорк, на манифестациите „Streetball“ и „Јуручки средби“ во Радовиш, на првиот „Скопски спортски фестивал“, на спортскиот настан „Градежнијада“, на големото велосипедско дефиле на „Европскиот ден без автомобили“ и на други поединци, екипи, клубови и манифестации од областа на спортот во Македонија.