МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие се вратија со освоени 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена медаља.

Филип Ѓоргиевски – 91 лоу кик и Мартина Јовановска – 47 кик , освоија злато, Симона Спасовска – 60 кик лајт и Калин Бабоски – 54 лоу кик, сребро и Дамјан Стојчевски – 60 лоу кик, освои бронза.

Кик бокс клубот Адора е горд на овие значајни успеси, како и Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Адора е покровител на овој клуб и на Центарот за боречки спортови кој е отворен, опремен и работи во просториите на компанијата во Карпош, Скопје, веќе пет години.

Им честитаме на наградените кик боксери, кои на интернационално ниво постигнаа највисоки пласмани и ù донесоа медаљи на Македонија. Адора и натаму, во рамките на својата општествено одговорна мисија, и покрај кризното и тешко време за работа, продолжува со поддршка на спортот и младите талентирани луѓе во различни области.