СТАТУТ НА ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Врз основа на член 32, став 1 и член 32 од Законот за Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/2010) основачот на ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, на ден 15.12.2014 година, го донесе следниот:

СТАТУТ

на ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, за вршење на дејности и активности за унапредување и подршка на образованието, спортот, културата и уметноста, заедницата – Скопје

 

  1. Општи одредби

Член 1

ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ за вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на образованието, спортот, културата и уметноста, заедницата – Скопје, (во понатамошниот текст фондацијата) е непартиска, хуманитарна, непрофитна фондација, формирана со слободна волја, со цел вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на образованието, спортот, културата, уметноста, заедницата.

 

Член 2

Фондацијата ја застапува и претставува директор.

 

Член 3

Називот на фондацијата е:
ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ за вршење на дејности и активности за унапредување и подршка на образованието, спортот, културата и уметноста, заедницата – Скопје, за вршење на дејности и  активности за унапредување и подршка на образованието, спортот, културата и уметноста во заедницата (во понатамошниот текст Фондација).

Скратениот назив е: ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ – Скопје.

Седиштето на фондацијата е во Скопје на ул. Орце Николов бр.182А Скопје.

 

Член 4

Фондацијата има статус на правно лице.

Фондацијата има свој печат и штембил.

Фондацијата делува на територијата на Република Македонија.

Печатот на фондацијата е тркалезен кој во средина го содржи името на ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, за вршење на дејности и  активности за унапредување и поддршка на образованието, спортот, културата и уметноста во заедницата – Скопје.

Штембилот на фондацијата е во правоаголен облик со ист натпис како и во печатот и содржи датум, број и место, односно е испишан следниот текст:

ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ за вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на образованието, спортот, културата и уметноста, заедницата – Скопје

 бр.________                 година_________ Скопје

Печатот и штембилот на фондацијата особено се чуваат и треба да се обезбедат од неовластена употреба и злоупотреба.

Логото на фондацијата ќе биде:

Статутот е највисок општ акт на фондацијата.

Другите акти на фондацијата ќе биде во согласност со Статутот.
Под други општи акти на фондацијата вклучуваат правила и одлуки согласно законите.

 

II Основач

Член 5

Основач на фондацијата е Друштво за производство, трговија, услуги и градежништво АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт импорт Скопје, со седиште на ул. ,,Орце Николов,, бр. 182а Скопје, со ЕМБС 5674859 и ЕДБС 4030002454280

Основачкиот влог на фондацијата е 10.000,00 евра (десет илјади евра) во денарска противвредност,  по среден курс на НБРМ.

Уплатата за основачки влог е во висина од 616.600,00 денари.

Фондацијата е отворена за сите граѓани без оглед на расната, националната или верската припадност, кои ги прифаќаат неговите основни принципи и методи на работа и Статутот на организацијата.

 

Основачот ги има следните наделжности:

Донесува одлука за измена и дополнување на статутот

– Донесува одлука за именување на членови на одборот

– Назначува членови на надзорниот одбор

– Назначува или разрешува генерален секретар на фондацијата по предлог на одборот

– Ја усвојува и дополнува програмата за работа на фондацијата предложена од одборот
– Усвојува финансиски план и извештај на фондацијата
– Одлучува за престанок на работа на фондацијата

– Донесува одлука за избор и разрешување на извршни органи и комисии на фондацијата

– Одлучува за основање и укинување ограноци

– Го следи реализирањето на основната програма на фондацијата
– Ја пропишува работата и одлучува за составот на делегации и други поединечни или колективни преставници на фондацијата
– Одлучува за менување и дополнување на програмата на фондацијата
– Одлучува за зачленување во сојузи и меѓународни организации
– Одлучува за доделување на одредени награди и признанија
– Одлучува за промена на целите според предлози од одборот
– Одлучува за прием на нови членови и одлучува за престанок на членство
– Одлучува за вработување на лица во фондацијата или одредени хонорарни соработници
– Одлучува за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на фондацијата
III Цели и задачи

 

Член 6

Основни цели и задачи на фондацијата се:

  1. Вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на образованието на талентирани ученици и студенти.
  2. Вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на спортот на талентирани спортисти, ученици и студенти.
  3. Вршење на дејности и активности за унапредување на заедницата преку спонзорства и донации.
  4. Вршење на дејности и активности за поддржување на заедницата преку помош (материјална и нематеријална ) на ранливи категории на граѓани.
  5. Одржување на дебати и семинари.
  6. Одржување на работилници.
  7. Организирање на семинари.
  8. Изградба на млади лидери и промотори.
  9. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање.
  10. Соработка со слични организации од земјава и од странство.

 

Член 7

За остварување на целите наведени во член 6, фондацијата остварува соработка со различни образовни, научни и истражувачки установи, државни органи и јавни служби, средства за масовно информирање и различни невладини организации во Република Македонија и странство.
Заради остварување на целите наведени во член 6, фондацијата обезбедува соодветна техничка и финансиска основа.

 

IV Права и должности на членовите

 

 

Член 8

Член на фондацијата може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој што го прифаќа статутот и програмата на фондацијата.

Зачленувањето се врши со потпишување на пристапна изјава.

 

Член 9

Членството во фондацијата престанува доброволно и со исклучување.
На лицето доброволно ќе му престане членството доколку до одборот на фондацијата или директорот, достави писмена изјава за истапување од членството на фондацијата, во која ќе бидат наведени и причините за прекин на членството во фондацијата.

Членовите на органите во фондацијата и застапникот се одговорни солидарно за штетата на фондацијата предизвикана од нивната работа, ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето.

Лицата од ставот 1 од овој член одговараат солидарно за обврските на фондацијата во рок од три години од денот на донесување на одлука.

Барање за надоместок на штета поднесува одборот на фондацијата или директорот.

 

Член 10

Член може да се отповика во следните случаи:
– Доколку го крши овој статут или други акти на фондацијата.
– Потешко го повредува угледот и честа на фондацијата.
– Предлог за исклучување од членство до директорот на фондацијата доставува управниот одбор на фондацијата.

 

Член 11

Правата и должностите на членот на фондацијата се:
– Да ја спроведува програмата и да учествува во други активности на фондацијата, почитувајќи ги притоа националната, религиската (верската) и политичката припадност на членовите, и ограничувањата што од нив можат да произлезат.
– Да предлага донесување одлуки и рамноправно, во согласност со демократските односи во фондацијата, да учествува во одлучувањето и да преземе одговорност за донесените одлуки и истите да ги извршува.
– Да избира и да може да биде биран за сите функции во фондацијата, во сите органи и тела на фондацијата, раководењето на различни активности.

 

Член 12

Секој член на фондацијата има членска карта.
За успешна работа во фондацијата, на поединец или правно лице може да му биде доделено признание, што се регулира со одлука на директорот на фондацијата.

 

Членовите на органите на фондацијата одговараат лично и неограничено за нивните обврски кон фондацијата, злоупотреба на средствата на организацијата, за постигнување цели што за нив како поединци се забранети или за злоупотреба на организацијата како правно лице за да им нанесат штета на доверителите на фондацијата.

 

V  Органи на фондацијата:

 

Член 13

  • Одбор
  • Директор

Со статутот на фондацијата можат да се предвидат и други органи и тоа:

  • Надзорен одбор, собрание и други извршни органи и комисии формирани по потреба со одлука од страна на директорот.

 

ОДБОР

 

Член 14

Одборот го сочинуваат 3 (тројца) членови на фондацијата и тие се со мандат од 3 (три) години, со право на реизбор, назначени од страна на основачот на фондацијата.

Директорот може да е еден од трите членови на одборот.

 

Член 15

Одборот работи на седници.
Седниците на одборот ги свикува директорот на фондацијата.
Одборот одржува седница најмалку еднаш годишно.
Одборот може да работи ако на него присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови.
Сите одлуки одборот ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови на одборот.
Поконкретно својата работа одборот ја регулира со деловник за работа на одборот и ја усогласува со насоките од директорот.
Одборот за својата работа одговара пред основачот на фондацијата.

 

Член 16

Одборот на Фондацијата:
– Изнесува предлози за промена и дополнување на статутот на фондацијата пред основачот.
– Предлага програма на фондацијата пред основачот.

– Донесува одлука за избор на директор.
– Предлага финансиски план и извештај на фондацијата.
– Се запознава со информациите, извештаите и ги следи насоките на основачот и директорот и креира план за реализација по евентуалните предлози изнесени во нив.
– Предлага избор и разрешување на генерален секретар на фондацијата.
– Дава предлози за избор и разрешување на извршни органи и комисии на фондацијата.
– Дава предлози за основање и укинување ограноци.
– Дава предлози за зачленување во сојузи и меѓународни организации.
– Дава предлози за доделување на одредени награди и признанија.
– Дава предлози за промена на целите пред основачот.
–  Дава предлози за прием на нови членови и за тоа го информира директорот.
– Дава предлози за вработување на лица во фондацијата или одредени хонорарни

соработници.
– Се грижи за реализирање на основната програма на фондацијата.
– Дава предлози за составот на делегации и други поедини или колективни преставници на фондацијата.
– Дава консултации на основачот за менување и дополнување на програмата на фондацијата.
– Извршува работи за оживотворување, конкретизирање и реализирање на овој статут и другите акти на фондацијата.

 

ДИРЕКТОР

 

Член 17

Директорот на фондацијата:
– Управува и одговара за управувањето со имотот на фондацијата.
– Ја претставува и застапува фондацијата во земјата и во странство и е овластено лице на истата.
– Доставува информации, предлози, извештаи и насоки до одборот околу дејствувањето.
– Разгледува изнесени предлози за промена и дополнување на статутот на фондацијата од страна на одборот.
– Извршува работи за оживотворување, конкретизирање и реализирање на овој статут и другите акти на фондацијата.

 

  1. Материјално – финансиско работење

 

Член 18

Финансиското и материјалното работење на фондацијата се води врз основа на финансискиот план и пресметка на приходи и расходи.
Извори на финансиски средства на фондацијата се: членарината, самофинансирање од членовите на фондацијата, спонзорства, донации од соодветни фондови и други приходи.

Фондацијата не се основа за да стекнува добивка.

Фондацијата врши дејности со кои може да стекнува добивка, и се употребува исклучиво, само согласно со целите утврдени со овој статут.

Добивката не може да се распределува помеѓу основачот и членовите на органи, директорот, вработени или било кое друго, со нив, поврзано лице до второ колено или деловен партнер.

Фондацијата може да основа единствено друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва за остварување на своите цели, интереси и активности како и за финансирање на своите активности утврдени со овој статут.

 

Член 19

Материјалното и финансиското работење на фондацијата се врши врз основа на законот и овој статут.

Средствата на фондацијата можат да се користат само за остварување на нејзините цели утврдени со актот за основање и статутот, како и да обезбеди соодветни награди и комисии на прифатливи трошоци настанати во врска со остварувањето на целите на фондацијата (патување, дневници, сместување, итн.), за исплата на платите на вработените.

Фондацијата, во согласност со Законот, обезбедува средства за извршување на активностите:
– Доброволни прилози, подароци (во готово или во натура), грантови, субвенции, камата на депозитите, закупнини, авторски права, дивиденди и други приходи заработени на начин пропишан со закон.

Фондацијата може да  отвори тековната сметка во деловна банка.

За законско користење на средствата на фондацијата е одговорен основачот и директорот на фондацијата, како и за давање наредби, или лице овластено со посебна одлука од основачот на фондацијата.

 

Член 20

Наредбодавател за извршување на финансиско-материјалниот план е основачот на фондацијата, а тоа може да биде и друго лице, овластено од основачот на фондацијата.

 

 

Член 21

Имотот на фондацијата се состои од парични средства.

 

  1. Јавност во работењето

 

Член 22

Работата на фондацијата е јавна. Јавноста се обезбедува со внатрешно информирање на членовите на фондацијата и информирање на јавните гласила и други видови на информирање.
За јавноста во работата на фондацијата одговорен е одборот на фондацијата.

 

VII. Преодни и завршни одредби.

 

Член 23

Фондацијата престанува со работа со одлука на основачот или во други случаи предвидени со закон.
Во случај на престанок на работа на фондацијата, целокупниот имот се доделува на основачот или на неговите наследници доколку истиот е починат.
Во случај на смрт, правните наследници на основачот можат да изберат и постават директор на фондацијата или да формираат одбор на директори.

 

Член 24

Право на толкување на одредбите од овој статут има основачот на фондацијата.

 

Член 25

Овој статут може да се менува:
– со одлука за измена и дополнување на статутот од страна на основачот на фондацијата.

 

Член 26

Овој статут е донесен на ден 15.12.2014 година и влегува во сила со денот на негово донесување.

 

Друштво за производство, трговија, услуги и градежништво АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт импорт    Скопје

преку управител

Проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец