Победнички триумф на нашата Адора атлета Антонио Дамјановски на MX Лагово 2022

Нашиот млад, многу талентиран спортист Антонио Дамјановски дебитираше во MX2 Мотокрос категоријата, со две победи во BMU Европскиот шампионат.

Во исклучително тесна борба, Дамјановски успеа да извојува победа над противниците од Турција и Италија, коишто се задоволија со второто и третото место.

Да потсетиме, нашата Адора атлета Антонио има само 15 години и ова е негов прв настап во MX2 категоријата.

Стручната фела на македонскиот мотоспорт препознава огромен потенцијал во Антонио за врвни успеси од глобален ранг, така што тимот на Адора Бизнис Групацијата апелира до сите економски општествено-одговорни субјекти да се вклучат во поддршката на овој наш исклучително надежен млад спортист.