Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг за успешното работење и изразената социјална одговорност (CSR) се добитници на 8 ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ:

  • Регионална награда „Дама на годината за д-р Драгана Д. Чифлиганец“ за иновативност во домувањето и за филантропија на 12 манифестација за избор на дама и џентлмен на годината во Белекспо центарот во Белград, 2020.
  • Престижна интернационална награда „40 под 40“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец, дел од бизнис елитата на млади, водечки бизнис лидери од Југоисточна Европа, доделена од Bussines Elite Awards, Амстердам, Холандија, 2019.
  • Интернационална награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, од Меѓународен економски форум Перспективи, Дубровник, Хрватска, 2019.
  • Златен медал за квалитет за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, од Светската маркетинг организација, Амстердам, Холандија, 2018.
  • The BIZZ 2016, интернационална награда за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето, од Светската бизнис конфедерација, Монте Карло, Монако, 2016.
  • Интернационална Европска награда за квалитет, од Клубот на светски бизнис лидери, Париз, Франција, 2014.
  • Меѓународна награда за градежништво, од Клубот на светски бизнис лидери, Мадрид, Шпанија, 2014.
  • Награда за Адора инженеринг за најдобра компанија во Европа и за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за најуспешен менаџер од Македонија, од Европската бизнис асамблеја, кралска палата Хофбурн, Австрија, 2012 година.

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Адора инженеринг и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за своето работење, филантропија и општествена одговорност имаат добиено 50 НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ:

  • Награда „Бизнис лидерство и филантропија“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец на 20 манифестација „Оскари за најуспешните битолчани“, истакнати и заслужни поединци од Македонија, во организација на Битолски весник, Битола, 2020.
  • Плакета „Личност на годината во 2019“ за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за посебен придонес за развојот на источниот регион и на Република Македонија, од Здружението на новинари на Македонија – ИСТОК, 2020.
  • Награда за најдобри општествено одговорни практики за заштита на животната средина за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом заштитен од бучава“, од Министерството за економија, 2019.
  • Награда за компанија предводник во остварувањето на целите за одржлив развој, од Организацијата на Обединетите Нации-ООН, доделен во проект поддржан од Европската Унија и УНИЦЕФ, 2019.
  • Национално признание „Македонски квалитет“, од претседателот на Република Македонија и од Сојузот на стопански комори на Македонија, 2018.
  • Две награди за инвеститор на годината, доделени на меѓународниот саем за недвижности Скопје, 2011, 2012.
  • Прв градежен супербренд во Македонија, избран за 2013/2014.
  • Награда за животно дело за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, од Бест Бренд, 2015.
  • Награда за најуспешен млад менаџер на годината 2018 за Душко Чифлиганец, избор на манифестацијата „Мажи на годината во Македонија“, 2018.
  • Награда за Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за општествена одговорност за 2017 од Битолски весник, манифестација „Битолски оскари“, 2018.
  • Награда за најпопуларна компанија во градежништвото во Македонија. Избор на манифестацијата „Најпопуларни за 2014“.
  • Награда за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за индивидуален филантроп во Македонија, доделена од ЦИР-а, 2013.
  • Свети Климентов орден од прв ред за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, доделен од МПЦ за изградбата на православниот храм Св. Јован Крстител, Скопје, 2014.
  • Две јубилејни награди за Адора инженеринг како најнаградувана компанија со најдобри општествено одговорни практики во Македонија. Од министерството за економија на Македонија, 2012 и 2017.
  • Награда за најеколошка компанија за Адора инженеринг. Од Град Скопје,2013.
  • Девет национални признанија за Адора инженеринг, за долгорочна изградба на зелени, еко домови, за поздрава иднина и заштита на животната средина, од министерството за економија на Македонија, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019.
  • Пет национални награди за Адора инженеринг за вложување во заедницата и во општините за доброто на граѓаните. Од министерството за економија на Македонија, 2008, 2010, 2011, 2014, 2017.
  • Национално признание за Адора инженеринг за односи со вработените. Од министерството за економија на Македонија, 2011.
  • Седумнаесет ( 17 ) национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за македонските претпријатија од министерството за економија ( 2010 -2019 ).
  • Награда за корпоративна филантропија за Адора инженеринг од ЦИР-а, 2012.
  • Благодарница од МАНУ за плодна и успешна соработка. Од Македонската академија на науките и уметностите по повод 50 години јубилеј, 2017.
  • Призанние за д-р Драгана Д. Чифлиганец за „Дама во градежништвото“, на меѓународниот саем за градежништво и недвижности, Скопје, 2014.
  • Сертификати за Адора инженеринг: Коректна фирма, Добар бренд за поддршка на социјалното претприемништво во Македонија, 2017.
  • Голем број плакети, благодарници и други признанија за поддршка на заедницата, ранливите категории граѓани, талентираните, образованието, здравството, спортот и др.