Хуманитарни акции

8-8
DSC07640
DSCN0857

Во приоритетите на фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ е организирањето и реализирањето на хуманитарни акции и донации, за што Адора инженеринг како основач и проф. д-р Ванчо Чифлиганец како директор имаат повеќегодишна традиција. Целта е со доделување на материјална и нематеријална помош, да се поддржат ранливите категории на општеството во задоволување на нивните егзистенцијални потреби и граѓаните на Македонија во создавање услови за подобар живот.
Почнувајќи од 2016 година, континуирано се реализира проекот „Подостоинствен и поздрав живот за сите“, со цел преку обезбедување и делење хуманитарни оброци фондацијата да придонесе во борбата против екстремната сиромаштија, за ставање крај на гладта, постигнување на осигурена и подобрена исхрана на сите категории граѓани, за здрав живот, благосостојба и трансформирање на нашиот свет во подобар, согласно целите за одржлив развој на ООН и филантропската ориентација на Адора инженеринг, членка на Глобалниот Договор на ООН. Во рамките на овој долгорочен проект кој е во тек, редовно, секоја сабота и дополнително, по одредени поводи како на големите празници, се обезбедуваат и делат по 25 топли оброци за ручек со свежо подготвена разновидна храна, на бездомниците, сиромашните граѓани и социјалните случаи во Скопје, на пункт пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Во соработка со иницијативата Ретвитни оброк и здружението Вистински дела на љубезност, проектот започна со цел храната и полните трпези од фотографиите на фб, инстаграм и другите социјални мрежи, да се преселат таму кај што ќе бидат многу покорисни, кај бездомниците и ранливите категории граѓани, итоа не со еднократни, инцидентни акции, туку со редовни акции секоја сабота и дополнително, како за време на големите поплави 2016, пожарите и при посета на повеќедетните ромски семејства кои живеат под отворено небо во близина на скопското кале. Досега се обезбедени и поделени над 2.500 оброци во овој проект.

Организирани се четири хуманитарни донации за делење на прехранбено-хигиенски пакети на повеќе од 200 семејства на социјални случаи во општините Охрид и Дебрца, како и бројни акции организирани во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија за собирање и донирање на стар мебел, покуќнина, стара облека и сл, со хуманираниот аспект на манифестациите организирани од Адора инженеринг.

За семејствата на настраданите во големите поплави во скопскит регион летото 2016 година, дадена е солидарна помош за изградба и обновување на опожарените куќи, за санирање на подрачја, поединци и објекти, погодени во елементарните непогоди.

Доделена е повеќекратна помош за лекување и за медицински интервенции на граѓани, вработени и нивните деца, за набавка на лекови, потребни медицински апарати и со делење на новогодишни пакетчиња во детските болници во Скопје, Радовиш и Струмица.

Преку обезбедување гратис влезници за посета и учество на концерти на нашите музички ѕвезди, како славната поп пејачка Тамара, дадена е поддршка за социјализација на штитениците на СОС „Детско село“ и поранешниот Дом за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.