МИСИЈА

Фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ е формирана со цел да ја  продолжи повеќегодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и богатата корпоративна општествена одговорност на Адора инженеринг со поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Република Македонија.

ВИЗИЈА

Со цел да го помогне и поддржи севкупниот развој на заедницата, граѓаните и општеството со активности и дејности за унапредување и поддршка на образованието, науката, спортот, културата и уметноста, фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ќе реализира:

  • Стипендирање на образованието на талентирани ученици и студенти
  • Поддршка на унапредувањето на талентирани ученици, студенти и спортисти
  • Спонзорства и донации за заедницата
  • Хуманирни донации ( материјална и нематеријална помош ) за ранливи категории граѓани
  • Организација на едукативни дебати, работилници и семинари
  • Изградба на млади лидери и промотори
  • Решавање на значајни актуелни прашања
  • Соработка со сродни организации од Македонија и странство