Стипендии

Stipendii-ohrid1

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжува благородната мисија на Адора инженеринг и д-р Чифлиганец, во поддршка на едукацијата на талентираните ученици, студенти и вработени, за континуирано усовршување и надградба на образованието. Фокусот е ставен на надарените лица кои немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување и напредување. Целта е едуцираните, способни млади луѓе и граѓани, да бидат носители на развојот на компаниите, бизнисите и општеството, што е темел за подобар живот и попросперитетна иднина.

Доделени се 10 стипендии на најдобрите студенти од факултетите во Македонија, кои во 2015-та година се едуцираа за развој на креативни, иновативни, бизнис вештини на првата сертифицирана академија Адора инженеринг. Овој проект е дел од кампњата „Креатори на сонот“ што во 2015 година се реализира во партнерство со НАПАГ (Националната асоцијацијата на академски граѓани).

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг имаат стипендирано талентирани матуранти, во текот на нивните универзитетски студии, како охриѓаните Кристина Шалкоска и Дарко Домазетоски, стипендирани се студиите на деца на вработени во Адора инженеринг, доделени се пет стипендии за напредните 3Д Макс Аутодеск обуки, Америка со сертифициран тренинг центар во Македонија, поддржана е организацијата на бесплатна Аутокад обука преку обезбедување на 12 бесплатнии АКУ испити за поинтензивно користење на Аутодеск програмите и сертифицирање на овие знаења во Македонија во партнерство со Семос едукација, како дел од глобалната кампања на Аутодеск. Под мотото „Адора секогаш Ви нуди повеќе од дом“ доделена е стипендија за комплетно додипломско високо образование на Универзитетот Американ Колеџ за дете на семејството Костови, среќни купувачи на дом во Адора инженеринг, во наградната игра „Купете стан, освојте школување“, организирана на саемот на недвижности во Скопје, 2016.

Во рамките на долгорочниот проект „Вработените се нашето најголемо богатство“, континуирано се поддржува стручното и професионално усовршување и едукативно надградување на сите вработени во Адора инженеринг кои за тоа имаат желба и амбиција, преку поддршка на нивното учество на обуки, курсеви, форуми, конференции и различни школи, за стекнување со стручни звања, лиценци и сертификати. Десеттина вработени во Адора инженеринг добиле целосна поддршка на магистерските и докторските студии од различни научни области, градежништво, архитектура, економија, маркетинг, односи со јавност, енергетска ефикасност и др. Вработените со поддршка на компанијата редовно ги посетуваат светските саеми и конференции, што им овозможува следење и имплементација на новините во работењето, а реализирани се и инспиративни патувања низ светот за креација на новите проекти на Адора.

Поддржани се Летната школа за млади лидери на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј Скопје, Меѓународната школа за млади лидери, Меѓународната летна школа за архитектура на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, образовни и научни форуми организирани од Градежниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј Скопје, Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС и на голем број други стручни форуми и манифестации од областа на образованието и науката во Македонија.