Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг за своето работење, филантропија и корпоративната општествена одговорност имаат добиено 14  национални награди и признанија:

  • Орден Свети Климент Охридски од Прв ред, највисокото признание на МПЦ, за ктиторство на православниот храм Свети Јован Крстител, Скопје.
  • Награда за индивидуален филантроп за 2013 година за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од Центарот за институционален развој – ЦИРа
  • Награда за најеколошка компанија во 2013 година од Град Скопје
  • Награда за корпоративна филантропија за 2012 година од Центарот за институционален развој – ЦИРа
  • Девет национални признанија за најдобри општествено одговорни практики во Македонија од министерството за економија
  • четири признанија за одговорен однос и заштита на животната средина во 2013, 2012, 2011, 2010 година
  • три признанија за вложување во заедницата во 2011, 2010, 2008 година
  • признание за однос кон вработените во 2010 година
  • јубилејна награда за најголем број реализирани ООП проекти и најголем награди ( 2007-2011)
  • признание за хуманост за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за „Филантропија, човекољубие на дело“ во регионот Охрид-Струга од Локална агенција за развој, Струга, 2014
  • благодарници од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Здружение Богојавление-Охрид, Црвен Крст-Охрид…
  • Две награди Инвеститор на годината за Адора Инженеринг во 2010 и 2011 година од Меѓународниот саем за градежништво и недвижности Real Expo Скопје

 

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг имаат добиено три  меѓународни награди:

  • Интернационална европска награда за квалитет, од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во октомври, 2014, Париз, Франција
  •  Интернационална награда за градежништво од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во мај, 2014, Мадрид, Шпанија
  • Награда за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер во Европа од Европската бизнис асамблеја за 2012 година, во декември, 2012, Виена Австрија