САНИРАН ПОКРИВОТ НА ПОСЕБНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ ВО СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Кисела Вода, Скопје, ја мина првата зима без повеќегодишните проблеми со прокиснување на дотраениот покрив, благодарение на проектот за санација што го реализира градежната компанија Адора инженеринг. Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, раководството на училиштето каде учат над сто деца со посебни потреби, му изрази благодарност за хуманоста и поддршката на менаџментот на Адора инженеринг, со што во објектот кој датира од 1932 година, се отстранија опасностите за протечување на влага од дожд и снег и се спречи  поплавување на просториите. Ана Шикалеска, директорка на училиштето „Д-р Златан Сремец“ изрази изненаденост од брзата реакција на Адора инженеринг, која веднаш го прифатила барањето за помош и со обезбедување изведувач и средства, експресно изврши санација на покривните делови на училиштето, обезбедувајќи им на децата со пречки во психичкиот развој, аутизам и мултихендикеп подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес, за рехабилитација и престој  во оваа установа. Проектот за санација на дотраените делови на покривот, Адора инженеринг го реализира во рамките на општествено одговорните активности и долгорочниот проект за вложување во општините каде компанијата гради објекти, како што е најголемата инвестиција во комплексот Адора Flatiron Скопје во непосредна близина на училиштето „Д-р Златан Сремец“ во општина Кисела Вода. Заменик генералниот директор на Адора инженеринг Душко Чифлиганец изрази задоволство од реализацијата на проектот како дел од стратегијата на компанијата да го споделува успехот од работата со пошироката заедница и да се грижи за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани, за што е потребна хуманост и солидарност особено важна за време на празниците како најголемиот христијански празник Велигден. Проекот за санирање на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е во духот на долгогодишната општествено одговорна традиција на Адора инженеринг, која и преку Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го поддржува развојот на образованието, науката, спортот, културата и реализира хуманитарни акции во Македонија.

DSCN4771 Direktorkata na ucilishteto Ana Shikaleska i zam gen dir na Adora Dushko Cifliganec 1