Адора инженеринг, добитник на наградата предводник на целите за одржлив развој 2019, беше дел од завршната конференција „Глобални цели за локална одржливост“ во рамките на проектот „Градење меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“. Од страна на организаторот Конект и панелистите, овој градежен бренд беше истакнат како активна компанија, членка на Глобалниот Договор на ООН од 2012, со низа успешно спроведени општествено одговорни практики кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните. Меѓу нив, како особено значаен беше одбележан 13 годишниот, континуиран проект за воведување и унапредување на енергетски ефикасните, штедливи, еко домови, од кои бројни придобивки имаат станарите на објектите на Адора, но и граѓаните и животната средина, за што компанијата има добиено десеттина значајни национални награди. Со воведување на растечкиот ренд на зелените домови, Адора инженеирнг е дел од актуелната светска кампања за изградба на зелените градови.
Адора е активна и во корпоративната поддршка на социјалното претприемништво преку „Смарт старт“ проектот, кој го одржа завршниот настан во Скопје. Во Македонија социјалните претпријатија се во зародиш, а тие се 10 % од економијата на Европската Унија. Адора ја доби титулата „Добар бренд“ за менторската помош во формирањето на социјалното претпријатие „ХуманаС“, како уникатен сервис за нега на возрасни лица во домашни услови.
„За побрз развој на социјалните претпријатија во Македонија е неопходна законска регулација“- беше апелирано на завршниот настан „Смарт старт“ во Скопје, проект спроведен од Центарот за истражување и креирање политики, ЦИКП, од каде порачаа дека ќе продолжат да работат Македонија да биде лидер во социјалното претприемништво“.