Нашиот најдобар македонски кик боксер Димитар Ѓорѓиев, го донесе 4-тото светско злато во Адора!

По освојувањето на 4-тата светска шампионска титула во кик бок во Италија, Диме, нашата Адора Атлета, ја сподели радоста со компанијата која 9 години континуирано го поддржува на патот кон спортските победи.

Прогласувањето на Димитар Ѓорѓиев за 4-кратен светски првак во кик бокс, за топ менаџментот на Адора е највредна сатисфакција и мотив за негова натамошна поддршка. Адора е покровител на Кик бокс клубот Работнички Адора, кој веќе 3 години е еден од најдобрите центри во регионот за тренинг на кик боксерите и за развој на нови млади спортски таленти во Македонија. Продолжуваме заедно, испишувајќи златна историја на македонскиот спорт!