Со донација на книгата „Можеш и ти“, Адора инженеринг го одбележа 24 мај- Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

По повод денот на сесловенските просветители и учители, браќата Светите Кирил и Методиј, Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, реализираат донација на книгата „Можеш и ти“ 60 години Ванчо Чифлиганец, низ повеќе библиотеки во Македонија. Целта е да ги збогатиме полиците на библиотеките во Скопје, Радовиш, Охрид, Штип и Пробиштип, со оваа моќно четиво, кое ќе им биде достапно на граѓаните и ќе ги поттикне  младите и амбициозни луѓе да не се откажуваат од своите соништа, туку храбро да се стремат во остварување на своите цели. Книгата „Можеш и ти“ е романизирана биографија, од авторот проф. д-р Венко Андоновски и раскажува за животниот пат и делата на проф. д-р Чифлиганец, за упорноста и силната воља на истрајниот неимар. Oваа силна мотивирачка биографија ни докажува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен. Адора инженеринг како потврдена општествено одговорна компанија, со фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, продолжува да ги поддржува образованието, науката, спортот, културата и уметноста, спроведувајќи акции кои се од корист за општеството и граѓаните.

DSCN0142 11262490_863501623721005_2455057843933206100_n 11102998_863502350387599_4893506846716032370_n DSCN0140