СТИПЕНДИСТИТЕ НА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-2015 БЛАГОДАРНИ НА БИЗНИС ЛИДЕРОТ ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА НОВИТЕ ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ВЕШТИНИ

„Можностите се насекаде околу нас, а добрите можности се чести како ѕвезда која ти паѓа од небото. Адора инженеринг е една од тие ѕвезди. Ви благодарам на можноста најдобрите студенти да учат токму од Вас. Академијата е огромно искуство за мене, бидејќи ми даде извонредна можност да се реализирам себеси и да сватам колку навистина можам“.. „Со академијата Адора инженеринг успеав на практичен начин да ги поврзам академските знаења, отклучувајќи ја креативноста и согледувајќи ги квалитетите, што ќе ми помогне многу во борбата со конкуренцијата на пазарот на трудот“.. По средбата со Вас, останавте во нашите мисли дали навистина Вашиот бурен живот Ве одржал во кондиција да напредувате и да бидете дел од топ лидерите во нашата држава“.. „Вие сте оној кој ме поттикна да верувам многу повеќе во себеси од претходно со Вашата лична приказна и со приказната на академијата Адора инженеринг и НАПАГ, како мотивација да напредувам и во други сфери и да разоткривам нови хоризонти“.. „Од оваа обука има доста да се научи пред сѐ за бизнис и претприемачките техники, како и техниките за справување во секојдневниот живот“.. „Како млада, успешна и амбициозна личност, првенец во својата генерација, подготвена за нови предизвици, од Вас научив дека со силна верба, труд, посветеност и работа, сѐ се постигнува. Како што е Вашето мото: Само делата се вистина“.. „Се надевам дека Вие и Вашата компанија ќе ја продолжите соработката со НАПАГ и со најуспешните студенти преку нови стипендии, практикатска, волонтерска работа и со вработувања на заинтересираните студенти, чие мото е работа, работа и само работа“.. „Оваа обука беше од огромно значење за проширување на бизнис хоризонтите и начинот на размислување за мојот натамошен развој, подготовка за реални животни ситуации и проблеми со кои допрва треба да се справуваме. Особен впечаток ми остави средбата со Вас во Вашата компанија, каде не пленивте со Вашата искреност при остварување на Вашата цел“..

Ова се дел од пораките што на проф. д-р Ванчо Чифлиганец му ги испратија десетте стипендисти на првата сертифицирана академија Адора инженеринг, генерација 2015, чија едукација ја поддржа Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во соработка со Националната асоцијација на престижни граѓани НАПАГ.