Стипендии

Stipendii-ohrid1

Фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ го поддржува и унапредува образованието преку доделување стипендии за талентирани ученици и студенти. Целта на стипендиите кои и досега ги доделуваше проф. д-р Ванчо Чифлиганец, директор на фондацијата и градежната компанија Адора инженеринг, е да се помогнат младите и амбициозни луѓе во нивната едукација и тие да бидат предводници на развојот на државата, за подобар живот на граѓаните и за  попросперитетна иднина на Македонија.