„Да градите домови, покриви над глава, оџак, тоа е исто како на луѓето да им дарувате клуч на душата. Можеби филозофијата од мали ноѕе да се прави, да се гради нешто е „спиритус мовенс“ во животот на Чифлиганец, кој одлучил храбро, како вистински шампион во срцето да се бори и со дела и со знаење, решен да оди или на сѐ или ништо. Да градиш црква е исто како да градиш куќа, покрив на својот народ, да градиш црква е да ја споделиш секоја радост и болка на луѓето. Да градиш црква е да откинеш еден свој дел од сопствената молитва за да беседиш со Возвишениот Бог. Ваквите луѓе и се потребни на Република Македонија, поради што европската награда за најдобра компанија и најуспешен менаџер се на македонскиот народ.“
Валентина Божиноска, претседател на комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.