Д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг оставаат видлива трага

Не  она што ќе го земете, туку она што ќе го оставите зад вас ја дефинира вашата големина“ – рекол некој мудар човек.

Оставајќи прекрасни објекти за домување зад себе, но и неброени проекти за заедничкото добро на сите, д-р Ванчо Чифлиганец и Адора  инженеринг ја исполнува својата мисија на општествено одговорна компанија чијашто цел не е само сопствениот развој и успех. Една од најбрзорастечките македонски компании последнава деценија, Адора инженеринг секоја година се искачува по неколку места погоре на листата на најуспешни  деловни субјекти, по сите параметри. Лидерството на Адора, олицетворено во ликот на д-р Ванчо Чифлиганец, секако и со заслуга на  квалитетниот тим што го создал околу себе, постави стандарди за работење коишто можат да бидат само пример за сите домашни компании.   Повеќепати г-динот Чифлиганец потврди дека е бизнисмен, но пред сè човек, кому материјалните придобивки не му значат ништо, доколку не бидат искористени во насока на духовно облагородување, како на сопствената личност, така и на сите членови на заедницата.

Љупчо Зиков

Љупчо Зиков | директор и главен и одговорен уредник на Капитал Медиа Груп