Добри дела со вечна вредност

„Верата без добри дела е мртва. А и животот всушност не би бил живот, ако не е исполнет со дела. И токму делата на почитуваниот  Ванчо Чифлиганец ја потврдија вечната вредност на делата. Меѓу нив посебно благородни се делата наменети за пошироката заедница, како што е изградбата на црквата „Свети Јован Крстител“ во општина Аеродром, Скопје, со што ктиторот, господинот Ванчо Чифлиганец по примерот на оние што добиле излекување, сака да му заблагодари на Христа за она што го постигнал. Цареви имало и пред Соломона и пред Константин Велики и пред Јустинијан, кралеви имало и пред Марко и Андреја, но имало и по нив, имало секогаш, но сите не граделе и не градат. И денес има многу поединции семејства, стопанственици и организации, кои имаат финансиски можности, но пак не градат сите и сите не му благодарат на Бога за тоа што го имаат. А од Бога сме сите задолжени со животот и со добри дела треба да Му благодариме за сè што ни дал и што ни дава, зашто без него ништо не би можеле да правиме и имаме“.

г. г. Стефан, Аехиепископ Охридски и Македонски, Поглавар на МПЦ.

г. г. Стефан, Аехиепископ Охридски и Македонски, Поглавар на МПЦ.