„Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора инженеринг имаат долга филантропска традиција со бројни иницијативи, активности и проекти за помош на пошироката заедница, граѓаните и општеството. Поттикнат од мотото дека личниот успех е успех и на заедницата во која живееме и дека тој треба да се сподели, д-р Чифлиганец, кој од секогаш имал чувство за поддршка на другите, постојано реализира општествено одговорни практики од интерес на граѓаните, општините и животата средина, за поддршка на вработените, купувачите, стручните, научни, културни, спортски форуми и други манифестации, оставајќи вредни дела за сегашните и идните генерации. Развојот на секое општество е незамислив без корпоративната и општествената одговорност, филантропијата и, воопшто, грижата за заедницата. Со ова директно се подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, се постигнува сплотеност на заедницата и се помага во градењето на солидарност и етичност во создавањето на позитивни општествени вредности. Се радувам што во ликот на д-р Ванчо Чифлиганец имаме прекрасен пример на успешен бизнисмен, но и голем филантроп. Неговите досегашни потфати заслужуваат апсолутна пофалба и восхит. Убеден сум дека д-р Чифлиганец и натаму безрезервно ќе ја дава својата севкупна поддршка преку финансирање на проекти од интерес на сите граѓани. Верувам дека неговиот пример ќе биде и инспирација за останатите наши успешни бизнисмени да станат и почитувани добротвори и помагатели“.
д-р Ѓорге Иванов