Поддршка на спортот

mzt - buducnost 12.10 (373)
DSCN5362
Velosipedsko defile

Фондацијата го поддржува развојот на талентирани спортисти, клубови и спортски манифестации, преку доделување стипендии и спонзорства, со цел да помогне во остварување на подобри резултати и успеси во спорот во Македонија. Со ова  продолжува повеќегодишната традиција за поддршка на спортот од Адора инженеринг и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој како активен спортски работник  даде голем придонес во освојувањето на европското злато во 1995-та година и светската шампионска титула во 1996-та година од страна на клубот „Бучим-Јака“ од Радовиш и македонското клупско борење.