knigaМожеш и ти“-биографија, прирачник за деловен успех

Книгата „Можеш и ти“, Само делата се вистина, 60 години Ванчо Чифлиганец  од авторот проф. д-р Венко Андоновски е романизирана биографија за ликот и делото на еден од најуспешните македонци на денешницата, прирачник за деловниот успех на сите оние кои се на почеток на својот професионален пат.

Оваа лична библија за падовите и воскреснувањата од калта што ги носи животот, мала школа на емоциите сврзани со поразот и повторниот стремеж кон победата, го поттикнува читателот да се надмине самиот себеси. Книгата е своевиден калеидоскоп за проф. д-р Ванчо Чифлиганец: успешен и најмлад студент по рударско-геолошки науки на белградскиот универзитет, најмлад магистер, директор на рудникот Бучим во неговата „златна деценија“, човек кој од минусното салдо го претвори овој рудник во стабилна скала на првата државотворност на Македонија ( првото злато за првите македонски пари ), човек што од своите македонски борачи направи европски и светски шампиони и конечно, лидер во високоградбата во Европа со неговата „Адора инженеринг“.

Книга-адреналин, книга-крв и родословие ( славни борци за независна Македонија од времето на Гоце Делчев ), книга-солзи таговници и радосници, книга-подвиг, книга-житие за оној кој никогаш не вели невозможно е и им дава вистински пример на другите дека МОЖАТ И ТИЕ!

Книгата  може да се набави по промотивна цена од 900 денари, во книжарниците Култура и он-лајн на „Купи книга“. Сите приходи од продажбата одат за хумани цели во фондацијата ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ.