Поттикнат од повеќегодишното помагање на заедницата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец во декември 2014-та година ја формира ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ. Целта е да се унапреди поддршката на образованието, науката, уметноста, спортот и културата во Република Македонија, преку помош на талентирани ученици и студенти, спортисти и уметници, ранливите категории граѓани, поддршка на стручни и научни форуми и манифестации и помош на општеството во целина, за подобар живот на граѓаните и попросперитетно општество.
Мисија: Фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ е формирана со цел да ја продолжи повеќегодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и богатата корпоративна општествена одговорност на Адора инженеринг со поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Република Македонија.
Визија: Со цел да го помогне и поддржи севкупниот развој на заедницата, граѓаните и општеството со активности и дејности за унапредување и поддршка на образованието, науката, спортот, културата и уметноста, фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ќе реализира: