ИЗБРАНИ СТИПЕНДИСТИТЕ НА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Националната асоцијација на престижни академски граѓани НАПАГ ги избра  стипендистите на првата сертифицирана академија Academy Adora Inzenering, што ги доделува фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Преку академијата што ќе трае три месеци, се поддржува работата и се поттикнува развојот на најуспешните и најталентираните студенти во Република Македонија од различни области на науката. Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, Марина Србиноска од Медицинскиот факултет, Катерина Шарламанова и Сања Карова од Градежниот факултет, Небојша Јовановски и Олгица Грујоска од Архитектонскиот факултет, Елена Димитриевска и Елена Гагачева од Економскиот факултет, Кристина Мишевска од Филолошкиот факултет и Христина Лазаревска од Филозофскиот факултет, сите при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, се студенти кои со високиот просек и покажаните резултати во образованието, ангажманите надвор од студиите и работните референции, се здобија со стипендии за академијата Адора инженеринг. Како  дел од кампањата „Креатор на сонот“, низ оваа сертифицирана академија, студентите ќе се стекнат со практични искуства и вештини за креативно и иновативно претприемништво, потребни за личен, професионален развој и кариера на талентираните и успешни студенти, што ќе се реализира во соработка на Адора инженеринг, фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и НАПАГ, со цел да се унапреди образованието на младите луѓе, како носители на развојот на општеството и градењето на подобра и попросперитетна иднина на Македонија.Logo

stipendii