ДОНАЦИЈА НА Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ

Извршната директорка на Адора инженеринг д-р Драгана Д. Чифлиганец подари апарат за рана дијагностика на оштетување на слухот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, за рано детектирање кај новороденчињата.
Со тимот лекари на Клиниката на гинекологија и акушерство, прим. д-р Елизабета Петковска и д-р Снежана Јанчевска, на чело со директорката на гинекологија, д-р Викторија Јовановска, деновиве, Драгана го означив почетокот на употреба на апаратот за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчиња. Оваа метода на скрининг овозможува детектирање на проблемот непосредно по раѓањето на бебињата.
„Раната детекција, значи и рана интервенција која ќе овозможи и надминување и на други компликации во развојот на бебињата, посебно на предвреме родените“. – велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, изразувајќи огромна благодарност за хуманоста, грижата и донацијата на Драгана Чифлиганец, со надеж дека овој пример ќе биде инспирација за други поединци и компании да реализираат слични проектин и да градат човечки релации втемелени на хуманоста и благородноста.
„Сите деца имаат право на еднакви можности да растат здраво, сите деца имаат право на среќно детство, а како жени, мајки, како луѓе треба да им го овозможиме тоа, секој според своите можности. Дарувањето е двигател на убави емоции, радосни моменти ина топли зборови, а има ли нешто поблагородно од тоа да им помогнеме на најмалите, новороденчињата, кога почнува животот, тоа најдобро го знаат мајките“. – порача д-р Драгана Д. Чифлиганец, потврден активист во општествено одговорните проекти за поддршка на заедницата и за подобар живот на граѓаните.