Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, филантроп за пример

„Чест ми е да го искажам задоволството од изградбата на црквата „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, Скопје под ктиторство на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е познат филантроп и човек што постојано вложува во општествено одговорни проекти и им помага на другите. Со несебично залагање и ентузијазам, преку својата компанија Адора инженеринг, д-р Чифлиганец стана искрен пријател, долгогодишен соработник и еден од најуспешните инвеститори во Општина Аеродром, а сега, за нејзините жители и создавач на редок духовен храм за молитви и празнување на православните празници. Д-р Ванчо Чифлиганец преку изградбата на овој православен храм, не само што придонесе да се зачува и продолжи православната вера и традиција, туку им даде пример и на другите луѓе од светот на уметноста и духовноста да го возобноват обичајот големите луѓе да стануваат и големи ктитори“.

Ивица Коневски, градоначалник на Општина Аеродром

Ивица Коневски, градоначалник на Општина Аеродром