Честитки од Адора за 67 роденден на Кисела Вода, најстарата и најголема општина во Скопје

Адора инженеринг и генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец добија плакета, клуч од општина Кисела Вода, како симбол дека вратата на општината е секогаш отворена за општествено одговорните компании кои го поддржуваат нејзиниот развој за подобар живот на граѓаните.

Најстарата скопска општина, 67 годишнината од постоењето го прослави со свечена седница на советот на која беа потенцирани инфраструктурните, образовните, спортските и културните проекти, кои ќе донесат поквалитетен живот за жителите на оваа воедно најголема општина во главниот град.

Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски порача дека со дела и проекти ќе ја направи Кисела Вода модерна општина, во која секој ќе сака да живее и им се заблагодари на сите општествено одговорни компании и поединци кои се гордост на општината.

Адора Бизнис Групацијата, општествено одговорна компанија со 20 годишна традиција, во Кисела Вода е главен покровител на реновирањето на спортската сала во ОУ „Невена Георгиевска Дуња“, која претходно беше целосно руинирана, а сега е место за развивање на спортскиот дух на младите. Градежниот бренд кој во Кисела Вода го изгради станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron, новиот маркантен урбан симбол на Скопје, го има реконструирано и дотраениот покрив на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ во оваа општина, за безбедно образование на над сто деца со посебни потреби.