ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ ЗА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Во срдечен амбиент во Адора инженеринг, генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец им ги подели ваучерите и размени искуства со стипендистите на академијата Адора инженеринг, кои го усовршуваат знаењето со поддршка на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и НАПАГ, Националната асоцијација на престижни академски граѓани.

Десетмината најталентирани и најуспешни студенти со висок просек на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Скопје, од факултетите за градежништво, архитектура, геодезија, економија, медицина, фармација, филолошкиот и филозофскиот факултет, се заблагодарија за поддршката за доедукација на првата сертифицирана академија Адора инженеринг, каде надвор од формалното образование ги збогатуваат знаењата со практични искуства и вештини за иновативно и креативно претприемништво, како добра основа за работното  ангажирање. Младите луѓе, идни носители на економскиот, научниот, политичкиот и општествениот живот и развој во Македонија, низ разговори со менаџментот на Адора инженеринг се интересираа за различни конкретни аспекти од реалниот бизнис и работењето на компанијата, чии врати се отворени за нови, образувани, квалитетни и амбициозни кадри.

Генералниот менаџер на Адора инженеринг и директор на фондацијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, го сподели своето лично и професионално искуство со младите стипендисти, кои ги мотивира да бидат упорени, посветени и трудољубиви во остварувањето на сопствените идеи, фантазии и соништа. Д-р Чифлиганец со ваучерот за стипендиите, на гостите им ја подари книгата „Можеш и ти“, Само делата се вистина, 60 години Ванчо Чифлиганец, романизирана биографија од авторот Венко Андоновски, своевиден деловен прирачник за младите генерации кои се на почетокот на професионалниот живот и остварување на својот сон.

Претседателот на НАПАГ д-р Виктор Ѓорѓиески и потпретседателот д-р Игор Андреев, ја оценија како многу значајна и корисна поддршката за едукација на младите од Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, што на избраните  најуспешни студенти од Македонија им овозможи да се здобијат со креативни и иновативни бизнис вештини преку првата сертифицирана академија Адора инженеринг.
DSCN0183 DSCN0203 DSCN0207

 

DSCN0210DSCN0209 DSCN0212 DSCN0217