БЛАГОДАРНОСТ ДО АДОРА ОД КАРАТЕ КЛУБ КИЗАМЕ СКОПЈЕ ЗА ПОДДРШКАТА НА МЛАДИТЕ И СПОРТОТ

Над 800 каратисти од 10 држави, 76 клубови од Европа и светот, во Скопје беа дел од големиот меѓународен турнир „GRAND PRIX MACEDONIA“ во карате, што го организираше Карате Федерацијата на Македонија со поддршка на карате клубовите „Кизаме“ и „Тигар“.

„Ова е спортски настан со кој Македонија може да се гордее и да посакува да биде домаќин на што поголем број вакви натпреварувања. Пријатно доживување беше на едно место да се видат околу 800 млади спортисти-каратисти кои во натпреварувачки дух ги одмерија силите на терен. Само со поддршка на младите и спортот, може да градиме здрави генерации“, порача на интернационалниот спортски настан проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кому му беше врачена благодарница како генерален спонзор на карате турнирот, на кој учествуваа клубови од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Молдавија, Азербејџан, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција.