ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ СЕ КОМПЛЕТИРА СО КРСТИЛНИЦА

Привршуваат градежните работи на крстилницата што се гради во црковниот комплекс Свети Јован Крстител, на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, Скопје, донација на Адора инженеринг.

Крстилницата, што се подигнува во препознатливиот стил на црквата Свети Јован Крстител, согласно каноните на МПЦ и во постојана консултација со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, е со нето површина од 106 м² и има посебен дел за кршетавање, сувенирница и уште неколку придружни простории. По завршувањето на градежните работи и обработката на објектот со природен камен, ќе се изработи живописот на внатрешниот дел на крстилницата од страна на наши афирмирани автори на ѕидното  сликарство со пригодни содржини кои го симболизираат крштевањето, што има посебно значење за православните верници.

Со крстилницата се комплетира црковниот комплекс Свети Јован Крстител, како значаен духовен храм за православните верници, што ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството, во 2014-та година го донираа во Општина Аеродром, Скопје, каде градежната компанија Адора инженеринг има најголеми инвестиции.20161001_07585220161001_08032420161001_080218