Новоформираната ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ беше промовирана на 26-ти декември годинава на корпоративната прослава на 12 годишнината на Адора инженеринг во присуство на претставници на државните, локални власти и институции, МПЦ, МАНУ, деловни партнери, соработници, медиуми, купувачи, вработените и пријателите на оваа градежна компанија. Директорот на фондацијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на основачот Адора инженеринг, порача дека оваа фондација ќе ја продолжи неговата филантропска традиција и бројните општествено одговорни практики на Адора инженеринг, со цел да обезбеди поддршка во унапредувањето на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Република Македонија.
„Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Поради тоа постојано и посветено, со љубов и позитивна енергија сакам да им помагам на другите и во рамките на моите можности и барем малку да и возвратам на заедницата. Целта на основањето на оваа фондација е да придонесеме за унапредување на образованието, науката, уметноста, спортот и културата во Република Македонија, преку поддршка на образованието на талентираните ученици и студенти и развојот на спортистите и уметниците, да донираме за ранливите категории граѓани, да ги поддржиме стручните и научни форуми и манифестации и општеството во целина, за подобар живот на граѓаните и попросперитетна иднина на општеството“.
– порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, директор на истоимената фондација.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, директор на ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ
Фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ја благослови и нејзиното формирање го поздрави Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, кој порача дека проф. д-р Ванчо Чифлиганец е познат хуманист, помагател и ктитор, кој по изградбата на многу објекти во Македонија и православниот храм Свети Јован Крстител во Скопје, со формирањето на фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, вложува во македонските таленти, во образованието, во оние на кои им е потребна помош и подадена рака.
Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ја благослови фондацијата ПРОФ. ДР- ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ