ТРАДИЦИОНАЛНА НОВОГОДИШНА ДРУЖБА СО НАЈМЛАДИТЕ ВО АДОРА

Дел од стипендистите на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и децата на вработените во Адора инженеринг, како и секогаш за новогодишните празници, во пресрет на 2024, се сретнаа со менаџментот и со вработените во компанијата.

Младите стипендисти разменаа мислења за новите сознанија и искуства од образованието во средните училишта и факултетите во државата и странство, а од проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора, добија скапоцени совети и неговата мотивациска книга „Мојот македонски код“. Децата најмногу се забавуваа и радуваа со песна, честење и смеа, а сите млади кои се нашата гордост и иднина, добија новогодишни пакетчиња и други подароци.

Сите членови на економското семејство Адора срдечно си посакаа среќна, здрава, мирна, успешна и бериќетна Нова Година.