СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната 2023 започна на стазата Милци во Гевгелија. Популарниот Ивчески победите ги постигна во MX Сениор класата во висока конкуренција од 53 натпреварувачи од различни држави.

Адора Бизнис Групацијата од 2016 година, континуирано го поддржува Слободан, кој во 2017 беше Европски шампион во класата F 1000 на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, со 14 трки, во конкуренција на 54 натпреварувачи од повеќе европски земји.

Sakamoto Racing Club – Makedonija и Слободан Ивчески, еден од нашите најискусни и најуспешни мото крос возачи сениори, во знак на благодарност за поддршката, на Adora Business ù подари статуетка.