Неколкукратниот светски првак во кик бокс Димитар Ѓорѓиев, кој долги години остварува шампионски спортски успеси под покровителство на Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, освои бронзен медал на Светското кик бокс првенство што се одржа во Анталија Турција, со 700 натпреварувачи од 63 држави.
Реномираниот кик боксер Ѓорѓиев по примањето на честитките за освоената бронза од заменик генералниот директор Душко Чифлиганец, заблагодарувајќи се на континуираната поддршка од Адора инженеринг за него и за Кик бокс клубот Работнички Адора, порача дека малку недостасувало за освојување на златен медал, но тоа е поттик за постигнување на уште поголеми успеси идната година.
Настапот на последното официјално меѓународно првенство во 2019 е во време на одбележувањето на првата годишнина од формирањето на Кик бокс клубот и тренинг центарот Работнички Адора, опремен според современите европски стандарди како еден од најдобрите кик бокс центри на Балканот за спортисти, професионалци, аматери и рекреативци од сите возрасти.