Душко Чифлиганец и Дедо Мраз по традиција и оваа година со новогодишни пакетчиња другаруваа со децата од Здружението „Трисомија 21 Скопје“

Под слоганот „Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата и Дедо Мраз, и годинава, традиционално се забавуваа, дружеа, играа и поделија новогодишни пакетчиња во Здружението за поддршка на лица со даунов синдром „Трисомиjа 21 Скопје“.

Активистите во „Трисомија 21“ изразувајќи благодарност за оваа хумана мисија, порачаа дека новогодишните подароци кои неколку години по ред ги обезбедува Адора, 40-те деца од здружението ги заслужиле со вредна работа и успешни активности во повеќе области.

Желбите за убави празници, среќна, здрава и весела Нова Година, во која сите ќе бидеме сложни, се најубавиот подарок што од децата во „Трисомнија 21“ го примија претставниците на Адора, која и натаму во рамките на своите можности ќе го помага развојот на младата популација, која е нашата иднина.