АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја стартува оваа сезона.

Покана до сите љубители на мото крос трките и спортот, да дојдат на 26 март во 11 часот на стазата Милци кај Гевгелија, заедно да го бодриме Антонио во висока конкуренција, со голем број млади учесници од државата и странство, на првиот шампионат во 2023 во мото крос категорија МX2.

Adora Business Group која од минатата година го поддржува Антонио во неговиот пат кон освојување на спортските успеси, и натаму ја продолжува соработката со овој исклучително надежен мото крос возач и оваа година. Очекувањата на Дамјановски се големи не само на државните трки туку и на интернационалната сцена, каде тој се пробива со поддршка на Адора. Носителот на титулата Златна кацига на Македонија, кој зад себе има 30 освоени национални и меѓународни подиуми, го очекуваат пробни тест возења во компанијата GasGas во Италија, за настап со овој познат бренд за производство на крос мотори на следните европски првенства.

Храбрите и успешните одат заедно, па така и ние продолжуваме во рамките на 20 годишната општествено одговорна мисија, со поддршка на младите таленти во спортот, кои се нашата иднина и најдобри амбасадори на Македонија во светот.