АДОРА ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКА НА СПОРТОТ ВО СВОЈАТА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА МИСИЈА

Традиционално, втора година по ред, како генерален спонзор, Адора го поддржа одржувањето на Гран при Македонија – Mеѓународниот турнир во карате, што неодамна во Спортско рекреативниот центар Кале во Скопје, го организира Карате клубот КИЗАМЕ.
На овој светски спортски настан, на кој учествуваа 1050 натпреварувачи на возраст од 6 до 21 година од 13 држави, македонските каратисти беа најдобри во генералниот пласман, а Карате Клубот Кизаме освои парични награди во неколку категории.
Во знак на благодарност за поддршката на турнирот, Карате Клубот КИЗАМЕ ù додели благодарница на Адора. Со континуираната поддршка на спортот и младите во текот на 22 години од постоењето, Адора Бизнис Групацијата сака да придонесе во изградба на поздраво, посреќно и поперспективно општество.