АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОДДРШКА НА КАРАТЕ СПОРТОТ И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИРАНИ КАРАТИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ

Адора инженеринг го поддржа првиот Меѓународен меморијален карате турнир „Димче Кичевски“ што вчера се одржа во О.У. „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода, Скопје, во организација на КК Скопје и Горан Алексовски-Конти. За најдобар натпреварувач на турнирот, меѓу големиот број учесници од целиот Балкан, е прогласен Александар Неделковски од КК Металург.

Адора доби благодарница од организаторот за поддршката на оваа карате манифестација, што беше тест за младите каратисти пред одржувањето на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес 2018.

Поддршката на спортот и стимулирањето на младите талентирани спортисти е дел од корпоративната општествено одговорната традиција на Адора инженеринг  во општините каде инвестира во изградба на објекти и од континуираната помош на пошироката заедница во Македонија.

1k2k3k

4k5k6k