ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА, ЗДРАВА, УБАВА И ХУМАНА НОВА 2021

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец Ви посакува среќна и успешна 2021 година исполнета со здравје, мир, љубов, успеси, хуманост и солидарност. Поаѓајќи од начелото дека секој од нас според своите можности може да се погрижи и да им помогне на другите на кои тоа им е потребно, и во Новата 2021 година фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и брендот Адора ќе продолжат да се грижат за заедницата, со цел да помогнат сите граѓани да имаат еднакви можности за живот, образование, здравствена заштита, развој и напредок. Посакувајќи Ви среќни празници, најавуваме дека продолжува нашата традиција и мисија, заедно сите да изградиме похуман, посреќен и подобар свет за идните поколенија.