На светскиот ден на детето, Адора донираше клупи за Детската клиника во Скопје

Светскиот ден на детето, Адора Бизнис Групацијата го одбележа со донација на клупи кои се поставени пред Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Сите деца имаат право да растат безгрижно, здраво и среќно, а нивните насмевки се нашето најголемо богатство. Затоа, компанијата Адора ја користи секоја можност со повод, но и без повод, да ги израдува нaјмладите со пакетчиња за новогодишните празници, со компјутери на почеток на учебната година, со опрема и помагала за училиштата и градинките, спонзорства на спортски настани, натпревари и клубови. Со последната донација на клупи сакавме да создадеме пријатно катче пред Детската клиника во Скопје за одмор на децата и нивните родители, кои ја посетуваат или се лекуваат во клиниката.

Во рамките на хуманитарните активности за најмладите, е и донацијата на апаратот за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчињата, којшто извршната директорка на Адора, д-р Драгана Д. Чифлиганец минатата година ѝ го подари на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Преку партнерство во заедничка хумана мисија на фондациите Новак Ѓоковиќ и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се изгради нова градинка во селото Љубиш, во близина на Златибор, кадешто Адора го гради хотелско – резиденцијалниот комплекс „21st Century Residence, Spa & Wellness”. Заменик претседателот на Adora Business Group, Душко Чифлиганец, Новак и Јелена Ѓоковиќ пред десетина дена ја пуштија во употреба новата комплетно реконструирана и опремена градинка, со што ги израдуваа најмладите жители. Филозофијата на Адора е секогаш да возврати нешто и да остави корисни дела за поквалитетен живот во средините каде што инвестира. Мото на дведецениската корпоративна општествено одговорна филозофија на брендот Адора е дека вистинскиот успех на една компанија се мери со квалитетот на општеството што успеала да го создаде во средината кадешто делува.