ДЕДО МРАЗ ГИ ИЗРАДУВА НАЈМЛАДИТЕ ПРИЈАТЕЛЧИЊА НА АДОРА СО НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Традиционално, како и секоја година кон крајот на декември, Дедо мраз ја посети Адора инженеринг. Тој ги развесели сите во компанијата, каде во пресрет на празниците, се забавуваше со најмалите и возрасните Адорци и на умните деца на вработените им подели новогодишни пакетчиња.
Со скромен придонес, хуманост и многу љубов од Адора, Дедо Мраз – Христијан Мојсовски Кице, ги посети и децата со даунов синдром во скопското здружениеТрисомиа. Низ искрена дружба и игра со овие слатки деца, тој ги израдува со новогодишни пакетчиња, што измами многу насмевки на нивните лица, највредното богатство на овој свет.
Во празничен амбиент, со украсени елки и веселиот Дедо мраз, се направија многу фотографии и се посакаа безброј срдечни желби Новата 2020 година да биде бериќетна со здравје, мир, безгрижност, љубов, среќа, успеси и убавини!
Одбројуваме до 2020. Празници се ближат. Традицијата и хуманоста продолжуваат.
Адора Ви посакува среќни и весели новогодишни и божикни празници!