ВРВНИ УСПЕСИ И НАГРАДИ ЗА СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ – ШАМПИОНОТ ВО МОТО БРЗИНСКИ ТРКИ И КЛУБОТ САКАМОТО ВО 2019

Годината што изминува, 2019-та беше година на големи успеси, интернационални и национални признанија за шампионот во мото брзински трки Слободан Ивчески и клубот Сакамото, со поддршка на Адора инженеринг.
Освоени признанија и награди:
3 место за Slobo Cobo Ivceski на Европскиот шампионат во најсилната Superbike класа со над 110 учесници од Европа, возејќи мотор стар 11 години.
1 место клубови, 2 место брзински трки, 3 место мотокрос М Х 1, на SAKAMOTO- RACING CLUB, генерален пласман на прогласувањето на шампионите на Македонија од Мотоциклистичката федерација на Р. М.
Адора инженеринг повеќе години ги помага Slobo Cobo Ivceski и SAKAMOTO- RACING CLUB во остварувањето на високите спортски успеси на кои сме горди. Покана за сите кои се во можност и сакаат, да дадат поддршка на овие вистински спортски амбасадори на нашата држава.
Искрени честитки и желби за уште поуспешни трки и нови награди во 2020 година.