По повод Велигден, фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец упатува честитка со поздравот Христос воскресна, навистина воскресна, до сите граѓани од православна вероисповед, МПЦ, претставници на институциите и соработници. Големиот празник на Христовото воскресение, како симбол на нов почеток и вечен живот, нека донесе многу здравје, љубов, мир, радост и благосостојба во сите православни домови, со верба и надеж за посреќна и посветла иднина. Сплотени, во добар соживот со сите граѓани на Македонија, без разлика на етничката и религиска припадност, заедно да ги славиме убавите празници. Честит Велигден!