Со купување слика од академскиот сликар Михаил Корубин, на Хуманата аукција Фондација златна рипка исполни желба, Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец ги поддржа тешко болните деца во Македонија. Средствата од купената слика на тема Изгрејсонце, масло на платно од младиот сликар од познатото уметничко семејство Корубин, од фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се наменети за помош и исполнување желби на тешко болните деца под мотото „Моќта на исполнетата желба е посилна од сѐ“. Целта на фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е да помага во изградба на подобро, поздраво и посреќно општество, со еднакви можности и попросперитетна иднина на сите граѓани.