Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец на сите граѓани им ја честита Новата 2022-ра година со желби таа да биде во знакот на доброто здравје, убави, среќни и релаксирани моменти со најмилите, хуманост, остварени лични, семејни и професионални успеси и колективен напредок.
Со поглед напред, полн со соништа, надежи, оптимизам, благодарност, солидарност и посветеност кон тоа што не исполнува, посакуваме, заедно обединети, да создадеме амбиент за подобар живот, на кој ќе сме горди ние и идните генерации.
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, следејќи ја 20 годишната општествено одговорна традиција на Адора Бизнис Групацијата, и во 2022, ќе продолжи во рамките на своите можности, да се грижи и да ја помага заедницата, за остварување на еднакви можности и подобри услови за живот, развој и попросперитетна иднина за сите.
Среќна Нова 2022-ра драги наши пријатели и весели празници, полни со топлина, ведар дух, благословеност и среќа!