Со купување на книгата „Можеш и ти“ по промотивна цена до 20-ти февруари, донирате за хумани цели

Книгата „Можеш и ти“, романизирана биографија за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од авторот проф. д-р Венко Андоновски, до 20-ти февруари може да се набави по промотивна цена од 500 денари, во книжарницата Култура и он-лајн на „Купи книга“, каде оваа понуда е на насловна страница со пораката „Прочитај и донирај“. Сите приходи од продажбата книгата за еден од најуспешните македонци на денешнината, одат во фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ за хумани цели, за поддршка на образованието, науката, спортот, културата, уметноста и заедницата во целина.

Книгата „Можеш и ти“, промовирана на 26 декември 2014 год. на одбележувањето на 12 годишнината на Адора инженеринг

Книгата „Можеш и ти“, промовирана на 26 декември 2014 год. на одбележувањето на 12 годишнината на Адора инженеринг

„Можеш и ти“, авторот проф. д-р Венко Андоновски ја нарекува книга-адреналин, книга-родословие, книга-подвиг, книга-житие за оној кој никогаш не вели невозможно е. Според главниот рецензент, претседателот на МАНУ академик д-р Владо Камбовски, книгата го отсликува животниот пат и дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, неуморен неимар кој смислата и целта на сиот свој живот ги сосредочил во една централна точка-создавањето. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец во книгата порачува „Слоганот само делата се вистина ми е генетски код наследен од моите претци, кои ме научија дека човек додека е на овој свет, ако не остави зад себе дела, како да не оставил ништо“.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и проф. д-р Венко Андоновски, автор на книгата „Можеш и ти“

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и проф. д-р Венко Андоновски, автор на книгата „Можеш и ти“

„Можеш и ти“ се смета за прирачник за сите кои се на почетокот на својот професионален пат и кариера и пример дека со силна желба, истрајност, верба во себеси и посветена работа, соништата стануваат реалност!