Децата се наше најголемо богатство. Секојдневно да им посветуваме грижа, внимание и многу љубов. Денеска 20-ти ноември се одбележува Светскиот ден на детето кој не потсетува дека децата се нашата иднина, а одговорниот однос кон најмладата популација и ранливите категории граѓани, значи грижа за наше заедничко подобро утре . Една искрена детска насмевка и среќно детско срце вредат повеќе од сѐ на светот и затоа ние како општествено одговорна компанија со традиција се грижиме за нив преку различни активности. Преку грижа за децата на вработените, за нашите најмлади станари, стипендирање и поддршка на различни образовни, спортски и културни активности, помагаме и ги поддржуваме најмладите во нивниот развој и напредок.
И како што рекол генералниот секретар на ООН, „Еднаш сите ние бевме деца. И ние треба да ја делиме истата желба за унапредување на добробитот на нашите деца. Тоа беше и ќе остане универзална аспирација на целото човештво“.