АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ОТВОРЕН ДЕН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ -СКОПЈЕ

Адора инженеринг, со свој штанд денеска се претстави пред матурантите од Скопје и другите градови во Македонија, кои дојдоа на интерактивниот настан, Отворен ден на Универзитетот Американ Колеџ, Скопје. Матурантите имаа можност да се информираат за условите за студирање на овој универзитет, како да поминaт дел од своите студии на универзитетите во Европа и светот, да слушнат искуства од студенти на УАКС кои биле на студии во странство, но и да добијат информации за работата и можностите за пракса во некоја од компаниите-членки на Деловниот совет на УАКС, меѓу кои e и Адора инженеринг. Матурантите другаруваа и одлично се забавуваа, а во наградното извлекување за посетителите, наградата-таблет, што ја обезбеди Адора инженеринг, ја доби матурантката Мила Шошев од Кавадарци,  на која и честитаме и посакуваме успех и напредување во натамошното високо образование. Адора инженеринг постојано се труди  да ги поддржи, стимулира и мотивира младите амбициозни и талентирани ученици и студенти во нивната едукација и развивање во идни академски граѓани, како идни носители на економскиот и општ просперитет на Македонија. Компанијата, заедно со Фондација проф. д-р Ванчо Чифлиганец ќе продолжи  да го подржува развојот на образованието, преку различни активности кои се  дел од корпоративните општествено одговорни проекти.

DSCN4792

DSCN4797

DSCN4807

DSCN4799